Дајте ни крилја :: Архива 2013


AHOS

Active and Healthy Olympic Seniors - Erasmus +

повеќе >

 


Пристапница

Станете дел од нашето здружение и допринесете кон подобар и посреќен свет...

повеќе >

 


Прашај го докторот

Добијте одговори за сите прашања поврзани со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби...

повеќе >

 


Подарете лек или друго

повеќе >

 


Извештај за Балот на Различности 2012

 

Тимот на здружението Дајте ни крилја,на ден 06.03.2013 година во Македонската Опера и Балет под раководство  на Ребека Јанковска - Ристески претседател на Дајте ни крилја,за прв пат на просторите на нашата држава Р. Македонија  организираше културна манифестација ,,Бал на Различности,, .

Целта  на овој настан беше да ги вклучиме во секој сегмент на настанот лицата со посебни потреби и барем за кратко да помогнеме во подигнувањето и менувањето на свесноста кај луѓето,а воедно на сцената јавно им беше изразена благодарност на сите пријатели,помагатели на здружението во изминатиот период.

bal1  bal5

Настанот беше под мотото "НЕ ГЛЕДАЈ СО ОЧИТЕ ,ПОГЛЕДНИ СО СРЦЕТО" и беше поделен во два дела програмски и ревијален( голема сцена и фоаје на МОБ).

Целиот настан имаше инклузивен карактер,а здружението го организерше  во партнерство со МОБ.  Програмата ја збогатија врвни солисти на МОБ, но и мошне талентирани лица со посебнин потреби кои приредија двочасовно незаборавно искуство и незаборавна вечер исполнета со многу емоции.

Во рамките на програмата модната куќа Елена Лука организираше инклузивна модна ревија презентирана од успешни жени од повеќе сфери и лица со посебни потреби,а и неколку дечиња.

 Како водители на настанот и креатори на комеди шоуто настапија Сашко Коцев и Гораст Цветковски со свои инклузирани настапи  вклучувајќи две лица со посебни потреби во улога на водители и актери.Низ целата приказна наречена БАЛ НА РАЗЛИЧНОСТИ не водеше актерката Изабела Новотни.

На манифестацијата Бал на различности И претходеа 3 месеци интензивни подготовки.Во рамките на подготовките познатите личности ги вежбаа своите настапи со лицата со посебни потреби креирајќИ исклучителна програма која вклучуваше 30 професионалци( оперски певици,професионални танчери,естрадни уметници,актери,музичари,модели,менаџери...)

30 волонтери(студенти,средношколци,жени) и 30 лица со посебни потреби од различна возраст.

Свои солистички  изведби  имаа оперските певици:
Анастазија Низамова-Мухиќ,
Весна Гиновска -Илкова ,која имаше величенствена изведба со едно лице со даунов синдром,
Нада Талеска-која исполни нумера со јазикот на глуво немите,  заедно со Џенгис Мемедовски  лице со оштетен слух,
изведба на балетските првенци Ивана Коцевска и Бобан Ковачевски,
Марија Савевска лице со посебни потреби,
Аир Стринг квартет,
ученици на Пиано Форте (музичко училиште)
Ема Ананиева- пиано( лице со оштетен вид),
Ребека Јанковска - Ристески во придружба на групата Монистра

bal3 bal2

Сите настапи беа проследени со огромен интерес,емотивни доживувања и огромни громогласни аплаузи.

Во вториот односно ревијалниот дел на балот  имаше поставено изложба на 40 слики од познати сликари,но и деца со посебни потреби под покровителство на НЛБ Тутунска Банка,која претходно на 25.02.2013 год.беше поставена во галеријата на НЛБ.Сликите беа на продажба и за секоја купена слика следуваше подарок кој го обезбеди Дајте ни крилја со помош на пријателите на здружението.

Во овој ревијален дел свој настап имаше познатиот џез музичар Тони Китановски,а  поетско читање имаа Искра Донева и Александар Матовски- Цако.Сето тоа беше проследено низ еден скромен коктел на кој се дегустираше вино и разни видови на сирења.

Балот на различности беше распродаден до последното место што значи беше исполнет целиот капацитет на салонот на МОБ,односно 800 седишта,а се бараше и билет плус.

На Балот на Различности како и на  претходната продажна изложба во галеријата на НЛБ беа вклучени 40( четириесет) волонтери  ученици на Нова и студенти на архитектура од Американ Колеџ.  

На настанот беа присутни еминентни лица од сите сфери,како од јавниот така и од политичкиот свет на нашата држава.Со своето присуство и подршка не почести првата дама Г-ѓа Маја Иванова,неколку градоначалници,министри,директори на еминентни компании,амбасадори,како и познати уметници, со еден збор многу хумани луѓе на едно место.

Целиот настан Бал на Различности во текот на неговото подготвување  и пред самиот почеток беше промовиран на многу медиуми,а во Теа Модера имаше неколку статии за Балот на Различности и фотографии  од  учесниците.Воедно за прв пат беа направени фотосесии со лица со посебни потреби со модели од Елена Лука.

Балот на Различности беше оценет  со исклучителни  позитивни критики од сите страни како од медиумите,самите учесници така и од поширокиот аудиториум,а и до ден денес добиваме комплименти и честитки за целиот настан како идеа и како проект кој е уникатно  и беспрекорно  изреализиран.И веќе имаме барања од страна на разни учесници кои сакаат да бидат дел од следниот настан Бал на Различности.

На Балот на Различности беа собрани сретства од продажбата на уметничките слики и од прадажбата на билетите и тие средства се во висина од  216,400,00 денари.

Истите ќе бидат наменети за тековните ,а и идни активности на нашето здружение,а можете да се информирате и на нашиот сајт www.dajtenikrilja.mk.

Да се додаде дека  на Настанот на кој сме посебно горди се случија многу нешта за прв пат,а таков пример за инклузија беше и прекрасната ревија на Елена Лука каде што беа вклучени 4 деца од кои (2 со АДХД и аутистични особини),2 жени со посебни потреби од кои едната во инвалидска количка.Во ревијата учество земаа 12 жени од јавниот свет и од др.општествени свери,економисти,правници,менаџери.

Организатор:Тимот на Дајте ни Крилја

Ребека Јанковска- Ристески  

Маја Лазаревска 

Катарина Ивановиќ

 

Партнер во организирањето на настанот:  МОБ.

Генерални покровители на настанот : Elena Luka,NLB Tutunska Banka - Skopje,Moe studio Dadar, Frizersko Art studio Sreten Kostic.

Покровители на настанот: Nehar Travel, University Amerikan Colledge,Almare hotel,Dr.Claus,Velosipedist, Shool of architecture and design, Bovin Winery, Bauerfeind, Trodat, Lisca, Tinex, Office Plus, Diners Club, Popova Kula Winery, Office&Co,  Kliping Apra Porter Novelli, Galerija 8 , Nova International School, Kafe Li, Bottegs Eventi.

Медиумски покровители: МРТ, Теа Модерна City Radio, Club fm, Metropolis radio , Back stage, MMM com mk.

 

Пребарување



Дајте крилја



Бидете хумани, дајте им крилја на оние на кој највеќе им требаат. Донирајте на:

жиро сметка
300000003190463
Комерцијална банка АД Скопје.

210-0665242501-41
NLB Тутунска Банка

девизна сметка

0270100278631

Комерцијална банка АД Скопје

ИНФОРМАЦИИ
 

 Име на маратонот
Скопски маратон

 Датум и време на одржување
8 Мај 2011, 09.00 часот

 Старт и Цел
Стартот за сите трки е на улицата Димитрие Чуповски (кај Вегера). Сите учесници треба да бидат на стартот најдоцна до 8.30 часот на 8 Мај 2011. Целта на сите трки е кај Плоштадот Пела.

 Покровители
Град Скопје, Мисија на Европската Унија, Агенција за млади и спорт

 Организатори
Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска Федерација на Македонија и АК “Работнички” – Скопје

 Помагатели
Министерство за внатрешни работи, АРМ и Црвен Крст на Град Скопје.

 Други учесници во организација
Во организација на Скопскиот Маратон како и секоја година учествуваат и: Факултет за Физичка Култура, ДСУ М.М. Брицо, Јавните претпријатија на ГрадСкопје, Градски Планинарски Сојуз, Сојуз на спортски Федерации на Македонија, други Спортски здруженија, над 400 волонтери.

 Адреса на организаторот
Сојуз на спортови на Скопје
ул. Ј.Х.Џинот бр.12 а
1000 Скопје, Македонија

 Трки
- 42.195 км - маратон / старт 09.00
Право на учество имаат лица постари од 18 години. Нема да биде дозволен настап на лица под 18 години на денот на трката. Се трчаат два круга низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 400 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 21.097 км - полумаратон / старт 09.00
Право на учество имаат постари од 16 години. Помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 400 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 5 км - Хумани и активни, хуманитарна трка за рекреативци / старт 09.05
Оваа трка е од масовен карактер наменета за сите граѓани. Право на учество имаат сите постари од 15 години, а помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 200 денари. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 2 км (за основни училишта)  / 17 април, кеј на реката Вардар, старт 10.00
Скопскиот Мини Маратон ќе се одржи на 17 април на кејот на реката Вардар. Оваа трка е од масовен карактер наменета за учениците од основните училишта од Скопје. Пријавување за оваа трка ќе се врши преку основните училишта и сите учесници треба да имаат писмена согласност од родителите.Категории:машки и женски

 Пријавување
Пријавувањето за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри ќе се врши на следниве начини:
- со испраќање на пријава по факс на +389 2 3228624 или + 389 2 3117687
- пополнување на он-лине формулар на веб страната на маратонот

 Рокови за пријавување
Рок за пријавување за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри:
- за маратонот најдоцна до 05 Мај 2011
- за полумаратонот најдоцна до 05 Мај 2011
- за трката на 5000 метри најдоцна до 06 Мај 2011

 Освежитлни станици
Ќе има осум (8) освежителни станици низ целата должина на патеката, со потребните количини на вода и лимун.

 Прва помош
Прва помош ќе има на четири места на патеката, а во движење низ целата должина на патеката ќе има и неколку возила со медицински персонал. Исто така докторска екипа ќе има и на целта на патеката.

 Стартен пакет
Стартен пакет ќе добијат учесниците во полумаратонот и трката на 5000 метри, кој ќе се состои од следните работи: маица со логото на трката, стартен број, програма за трката и освежување.
Стартниот пакет ќе се подига во Сојуз на Спортови на Скопје (тел: +389 2 3228624), на 5 и 6 мај од 10.00 до 19.00 часот, и на 7 мај од 10.00 до 17.00 часот. На истото место ќе се наплаќа и котизацијата.

 Награден фонд
Во трката 5000 метри најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат стокови награди. Во маратонската трка најдобрите 7 во машка и 5 во женска конкуренција ќе добијат парични награди. Парични награди ќе добијат и најдобропласираните домашни натпреварувачи во маратонската трка. Во полумаратонската трка најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат парични награди.

 Времетраење
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите во трката на 5000 метри треба да стигнат до целта е 1 час по почетокот на трката. После рокот на натпреварувачите на 5000 метри нема да им биде дозволено да ја поминат целната капија.
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите од маратонската и полумаратонската трка треба да стигнат до целта е 5 часа по почетокот на трката. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат отстранети од патеката.

 Покровители
Коце Трајановски - Град Скопје
Петер Соренсен - Мисија на Европска Унија во Македонија
Диме Спасов - Агенција за млади и спорт
 
 


                                          

 


Да бидеме пријатели


 


Пријатели