JАВНА БЛАГОДАРНОСТ
Несебично да дадеш значи да ја согледаш потребата, а не причината. Многу наши сограѓани не живеат достоинствен живот и што ќе ни е нам достоинството наше, доколку немо свртиме поглед пред оние кои се понесреќни од нас.
Овој краток осврт е благодарност до сите 3500 граѓани кои го слушнаа крикот на семејството од Смоларе и се јавија со своја поддршка за секоја подадена рака, за сите оние кои трогнати од човечката судбина застаанаа и решија да ја сменат. Многу здруженија, индивидуалци веќе се мобилизираат за помошта да стигне кај Јанкови, семејство со 2 лица со посебни потреби.
Огромна благодарност до сите, и се надеваме дека сложно секогаш силно ќе одговориме на секој крик за помош! Првата поголема најавена помош доаѓа од Медикус Хелп, компанија која на семејството со 2 хендикепирани деца им понуди поддршка со помагала, колички, хигиенски прибор, пелени и друга опрема која ќе им го олеснат тешкиот живот.
Се надеваме дека овој пример ќе поттикне и други компании да се вклучат и на семејството Јанкови да им обезбедениме пристојни човечки услови за живот! Сакаме јавно да ја изразиме нашата благодарност до компанијата Медикус Хелп што не поддржа во намерата да помогнеме. Помошта за семејството Јанкови ќе биде спроведена во следните денови во координација со другите здруженија и индивидуалци кои најавија помош.