ПРВ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
„А ЗОШТО ДА НЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ?“
14 - 16. 10. 2016, Скопски саем и Дом на АРМ, Скопје - Македонија
Пријавување и регистрација за присуство на Конгресот,
во Конгресниот центар (управна зграда) на Скопскиот саем,
петок (14.10.2016), од 13.30 часот до 14.45 часот
Здружението на граѓани “Дајте ни крилја“, го организираПрвиот Меѓународен конгрес На лица со посебни потреби. Ова е прв Конгрес од ваков вид во Македонија и пошироко. Целта на Конгресот е промоција на најновите достигнувања во однос на дијагностиката, лекувањето, третманот и рехабилитација на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби.
На овој Конгрес предвидено е да земат учество еминентни домашни и странски професори, лекари специјалисти и останати професионалци од своите области.
Конгресот ќе се одржи во просториите на деловниот центар на Скопски саем и тоа на 14-15 Октомври во Скопје , а како продолжение на Конгресот, на 16 Октомври, во Дом на АРМ ќе се одржи традиционалниот трет по ред, “Бал на различностите”.
Целна група на овој настан се: дефектолози, педијатри, гинеколози, ортопеди, физиотерапевти, специјалисти по радиологија, микробиолози, невролози, како и сите други специјалности кои се професионално фокусирани на децата и лицата со посебни потреби.
НАУЧНА ПРОГРАМА
Ценовник Регистрација
Повеќе...
More...