Биографија
Наташа Гоџирова
Првите контакти со спортските коњи ги започнува на 11 годишна возраст. Веќе на 14 години ги реди првите успеси во прескокнување на пречки.
Има учествувано на многу турнири како во земјите од Балканот така и во Македонија, на кои има освоено голем број на пехари, медалји и пехари во различни дисциплини.Во 1998 год. станува шампион на Р.Македонија во прескокнување пречки со височина од 1,30m.
Веќе во 1999 год. станува едиснстевен женски професионален дресер и јавач на коњи во Македонија.
Има завршено Факултет за физичка култура во Скопје – смер тренер. Својот живот и кариера ја посветува на коњите во нивно проучување, дресирање и тренирање.
Работи како дресер, јавач и такмичар на коњи, ја води програмата на училиштето за јавање, дава индивидуални часови, дресира и спрема млади коњи....
Моментално покрај другото Наташа Гоџирова е и единстевне водич и инструктор на програмата за Хипорехабилитацијасо диплома во Македонија. Ја води програмата хипотерапија – за помош и терапија на децата со посебни потреби, со разни дисфункции и пречки во развојот.