Обука по терапевтско пливање
Ве информираме дека на ден 16.10 (среда) и 17.10 (четврток) 2013 год ќе се одржи семинар обука по терапевтско пливање.
Свое излагање ќе имаат Вујца Живковиќ - Декан и професор по кинезитерапија, Ленче Алексовска - Величковска - Продекан за наука и професор по спортска психологија, Милан Наумовски - продекан за настава и професор по кошарка и Наташа Месковска - професор по пливање и ватерполо. Сите од факултетот за Физичка култура и стручно лице Веселин Луковиќ тренер по терапевтско пливање од Р. Србија.
Семинарот ќе се одржи во два дена со следнава агенда :
СРЕДА - Почеток во 13.00h се до 15.00h ( теоретски дел) - предавањето ќе се одржи на факултетот за Физичка култура.
Практичниот дел ќе се одржи од 15.15h па се до 17.00h - на Базенот “Борис Трајковски”.
ЧЕТВРТОК - Почеток во 14.00 h па се до 16.00 h ( теоретски дел) - предавањето ќе се одржи во конгресната сала при С.Ц “Борис Трајковски”, па следува практичниот дел со почеток во 16.00h се до 17.30h - на базенот.
Share on Facebook