Здружението „Дајте ни крилја“ беше партнер на Првиот меѓународен Конгрес на Здружението на професионални физиотерапевти на Р. Македонија со меѓународно учество, кој се одржа во Охрид од 17-20 септември, 2015 година.
„Дајте ни крилја“ на овој конгрес ги претстави своите два проекти кои функционираат повеќе од 4,5 години, а тоа се Терапевтско пливање (hallwick метода) и терапевтско јавање / хипорехабилитација со лица со посебни потреби. За таа цел свои излагања како повикани предавачи имаа:
- Проф. Др. Рајко Вуте (Р. Словенија) - вонреден професор на спорските активности на лицата со посебни потреби на одделот за специјални рехабилитации и педагогија на Факултетот за образование на Универзитетот во Љубљана, каде што предава адаптирана физичка активност и Теорија на спорт со дигдактика и предавач по Hallwick меѕодата
- Г-ѓа Ариана Илиќ (Р. Србија) - личен тренер инструктор по терапевстско јавање и хипорехабилитација