Дајте ни крилја :: Почетна


AHOS

Active and Healthy Olympic Seniors - Erasmus +

повеќе >

 


Пристапница

Станете дел од нашето здружение и допринесете кон подобар и посреќен свет...

повеќе >

 


Прашај го докторот

Добијте одговори за сите прашања поврзани со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби...

повеќе >

 


Подарете лек или друго

повеќе >

 


ПЕЈАЧКАТА РЕБЕКА ОРГАНИЗИРА ТЕРАПИЈА СО МУЗИКА ЗА БОЛНИТЕ ДЕЦА: Син ми Маркијан прозборе со песна



Копнеев Маркијан да ми каже мамо. Еден ден ми се јави еден доктор по квантна медицина, и ми предложи да влеземе во една руска студија за нова метода на лекување со звук и со музика. Јас постојано му пеев и му пуштав музика. Почнав да му се обраќам со пеење и со обични предлози од типот: „Ајде да одиме надвор“, или: „Сега ќе јадеме“ ги отпејував. Пред да наполни четири години бевме и во манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора. На враќање во автомобил, за прв пат кажа ДА. Потврдно одговори на прашање и рече мама

 

Маркијан прозборе кога имаше девет месеци. Но, започна секој ден да добива епилептични напади, и оние малку зборови кои ги знаеше наеднаш престана да ги кажува, почна тешко да оди и понекогаш лазеше.- Ребека со синот

Децата од здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, чиј претседател е поп-пејачката Ребека Јанковска-Ристески од вчера почнаа со музикотерапија.Музичката вежбалница на музичкото училиште „Пијанофорте“ ќе организира терапија со музички сесии еднаш во неделата, во две групи, во кои ќе бидат од три до пет деца. Ребека ни раскажа дека борбата со болеста на нејзиниот син Маркијан, туберна склероза, кој прозборел токму со музика, и е инспирација за овој чекор.

Маркијан прозборе со пеење и денес зборува одлично

„Долго време размислував, од основањето на „Дајте ни крилја“ со мојата Јасна, потпретседател на здружението и претседател на Ресурсен центар на родители, разговаравме за музикотерапија. Сакавме да направиме обид и да започнеме со оваа активност. И некако се имавме поважни обврски и активности. Борба за лекови, пливање, донации, реновирања, настани, семинари, конференции, едукации. И еве, со нашите пријатели од „Пијано Форте“ конечно се договоривме. Со децата ќе работи др. Тереза Крцоска, музичар и педагог, која има посетувано предавања и курсеви за работа со чувствителната група на граѓани и предавала музика и танц на деца и возрасни со аутистичен спектар, дислексија, церебрална парализа и Даунов синдром“, ни изјави Ребека. Според неа, музиката е мелем кој лекува и на многу деца им помогнала во поттикнување на говорот. Меѓу нив е и нејзиниот син, Маркијан.

Музиката лекува, верувам дека ќе им помогне на децата од „Дајте ни крилја“.- Ребека

„Маркијан прозборе кога имаше девет месеци. Првите зборови беа: баба, тата,не,дај и дај цице, хахаха. Но на 9 месечна возраст започна секој ден да добива епилептични напади. Инаку, од 5 до 10 напади дневно. Потоа на 20 месеци ја прими ММР вакцината и оние малку зборови кои ги знаеше наеднаш престана да ги кажува, почна тешко да оди и понекогаш лазеше. Епилептичните напади зачестија и понекогаш имаше и по стотина на ден. Кога направи три години, веќе бевме во очај. Маркијан немаше говор. Почнавме да се обидуваме на најразлични начини. Се обративме во центарот за слух и говор, но ни рекоа дека е мал и дека со логопедски вежби не започнуваат пред четвртата година, што беше шок за нас. Сите препораки од невролозите,педијатрите во светските центри каде што често престојувавме и правевме испитувања беа да се започне со рана интервенција и терапија. Пробyвавме и со алтернативни методи и верувавме дека, како што ќе престане епилепсијата така ќе започне и говорот. Епилептичните напади престанаа откако се случија многу необични нешта и под многу невообичаен сплет на настани, но Маркијан никако не почна да зборува. Копнеев да каже мамо и се прашував дали воопшто тоа ќе го доживеам некогаш“, ја сподели својата приказна за Женски магазин, Ребека. Иако лекарите биле скептични, неа надежта никогаш не ја напуштила.

„Одлучив да бидам борец и да не ги прифаќам мислењата дека Маркијан нема да може да трча, да зборува, да вози велосипед. Верував во мојот малечок херој и во Бога. Еден ден ми се јави еден доктор по квантна медицина, Дејан и ми предложи да влеземе во една руска студија за нова метода на лекување со звук и со музика преку информација од ДНК. Ни објасни што треба да направиме и прифативме. Во тоа време пиеше и една специјална вода, носевме и некакви магнети и јас постојано му пеев и му пуштав музика. Почнав да му се обраќам со пеење и со обични предлози од типот: „Ајде да одиме надвор“, или: „Сега ќе јадеме“ ги отпејував. Пред да наполни четири години и десет месеци бевме и во манастирот Свети Василије Острошки во Црна Гора. На враќање во автомобил, за прв пат кажа ДА. Потврдно одговори на прашање и рече мама“, додаде пејачката. Во тој период, таа и нејзиниот сопруг Милан го запознале за нив најдобриот развоен едукатор што можеле да си го замислат, Драган.

„Тој започна да прави специјални цедеа за Маркијан, најразлични материјали и предмети за работа. Си реков фала ти Господи за овој човек. Маркијан одеше и два пати неделно на логопед по 30 минути кај Нермин во Центарот за слух и говор, но тоа не беше доволно. Работа, работа и многу музика во најразлични форми и стилови. И се случи и тоа по враќањето од Св. Василије Острошки. Полека но сигурно, кај Маркијан секојдневно се раѓаше говор, но пред сѐ пеење. Молитвите ги шепотев на неговото уво секоја ноќ, и Слава на Бога, Маркијан денес зборува многу убаво“, ни раскажа Ребека. Таа искрено верува дека музикотерапијата и стручноста на едукаторката Тереза Крцоска ќе им помогнат и на другите болни дечиња.

За Женски магазин, Милица Џаровска

 

Пребарување



Дајте крилја



Бидете хумани, дајте им крилја на оние на кој највеќе им требаат. Донирајте на:

жиро сметка
300000003190463
Комерцијална банка АД Скопје.

210-0665242501-41
NLB Тутунска Банка

девизна сметка

0270100278631

Комерцијална банка АД Скопје

ИНФОРМАЦИИ
 

 Име на маратонот
Скопски маратон

 Датум и време на одржување
8 Мај 2011, 09.00 часот

 Старт и Цел
Стартот за сите трки е на улицата Димитрие Чуповски (кај Вегера). Сите учесници треба да бидат на стартот најдоцна до 8.30 часот на 8 Мај 2011. Целта на сите трки е кај Плоштадот Пела.

 Покровители
Град Скопје, Мисија на Европската Унија, Агенција за млади и спорт

 Организатори
Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска Федерација на Македонија и АК “Работнички” – Скопје

 Помагатели
Министерство за внатрешни работи, АРМ и Црвен Крст на Град Скопје.

 Други учесници во организација
Во организација на Скопскиот Маратон како и секоја година учествуваат и: Факултет за Физичка Култура, ДСУ М.М. Брицо, Јавните претпријатија на ГрадСкопје, Градски Планинарски Сојуз, Сојуз на спортски Федерации на Македонија, други Спортски здруженија, над 400 волонтери.

 Адреса на организаторот
Сојуз на спортови на Скопје
ул. Ј.Х.Џинот бр.12 а
1000 Скопје, Македонија

 Трки
- 42.195 км - маратон / старт 09.00
Право на учество имаат лица постари од 18 години. Нема да биде дозволен настап на лица под 18 години на денот на трката. Се трчаат два круга низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 400 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 21.097 км - полумаратон / старт 09.00
Право на учество имаат постари од 16 години. Помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 400 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 5 км - Хумани и активни, хуманитарна трка за рекреативци / старт 09.05
Оваа трка е од масовен карактер наменета за сите граѓани. Право на учество имаат сите постари од 15 години, а помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 200 денари. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 2 км (за основни училишта)  / 17 април, кеј на реката Вардар, старт 10.00
Скопскиот Мини Маратон ќе се одржи на 17 април на кејот на реката Вардар. Оваа трка е од масовен карактер наменета за учениците од основните училишта од Скопје. Пријавување за оваа трка ќе се врши преку основните училишта и сите учесници треба да имаат писмена согласност од родителите.Категории:машки и женски

 Пријавување
Пријавувањето за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри ќе се врши на следниве начини:
- со испраќање на пријава по факс на +389 2 3228624 или + 389 2 3117687
- пополнување на он-лине формулар на веб страната на маратонот

 Рокови за пријавување
Рок за пријавување за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри:
- за маратонот најдоцна до 05 Мај 2011
- за полумаратонот најдоцна до 05 Мај 2011
- за трката на 5000 метри најдоцна до 06 Мај 2011

 Освежитлни станици
Ќе има осум (8) освежителни станици низ целата должина на патеката, со потребните количини на вода и лимун.

 Прва помош
Прва помош ќе има на четири места на патеката, а во движење низ целата должина на патеката ќе има и неколку возила со медицински персонал. Исто така докторска екипа ќе има и на целта на патеката.

 Стартен пакет
Стартен пакет ќе добијат учесниците во полумаратонот и трката на 5000 метри, кој ќе се состои од следните работи: маица со логото на трката, стартен број, програма за трката и освежување.
Стартниот пакет ќе се подига во Сојуз на Спортови на Скопје (тел: +389 2 3228624), на 5 и 6 мај од 10.00 до 19.00 часот, и на 7 мај од 10.00 до 17.00 часот. На истото место ќе се наплаќа и котизацијата.

 Награден фонд
Во трката 5000 метри најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат стокови награди. Во маратонската трка најдобрите 7 во машка и 5 во женска конкуренција ќе добијат парични награди. Парични награди ќе добијат и најдобропласираните домашни натпреварувачи во маратонската трка. Во полумаратонската трка најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат парични награди.

 Времетраење
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите во трката на 5000 метри треба да стигнат до целта е 1 час по почетокот на трката. После рокот на натпреварувачите на 5000 метри нема да им биде дозволено да ја поминат целната капија.
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите од маратонската и полумаратонската трка треба да стигнат до целта е 5 часа по почетокот на трката. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат отстранети од патеката.

 Покровители
Коце Трајановски - Град Скопје
Петер Соренсен - Мисија на Европска Унија во Македонија
Диме Спасов - Агенција за млади и спорт
 
 


                                          

 


Да бидеме пријатели


 


Пријатели